Земјотресот во Грција почувствуван во земјава со три до четири степени по Европската макросеизмичка скала

Серијата земјотреси чии епицентри беа во Грција денеска се почувствувани во земјава со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилниот земјотрес бил во 11:16 часот со Рихтерова магнитуда од 6,3 и е почувствуван на целата територија на земјава, особено на повисоките катови во зградите.

Епицентарот на земјотресите бил на 260 километри јужно од Скопје во соседна Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e