Земјотресен камп кај американската амбасада

Трето утро паркот кај Американската амбасада е преполн со исплашени луѓе од земјотресите. Паркот почна да се полни уште по првите земјотреси во неделата наутро и со секој нов земјотрес бројот на камперите се зголемува. Од вчера таму се прават ручеци на плински решоа, а во тревата луѓето почнаа да си прават цели дневни соби. Поставуваат тенди, шатори, теписи и воопшто не се враќаат дома. По синоќешниот земјотрес зеленилото беше пренаселено.

Од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) велат дека не е чудно дека токму тој дел на градот е во голема паника.

„Градбите во близина се ниски ѕидани куќи во кои вакви локални земјотреси силно се чувствуваат. Токму во ваквите градби, земјотресите со јачина до 5 степени според Рихтер може да предизвикаат одвојување на ѕидови и пукнатини.

Оние што имаат конструкција со бетонски столбови, не би требало да имаат оштетувања на конструкцијата, но може да се случи пукање на ѕидовите“, велат од ИЗИИС.

Извор Сакам да кажам

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e