Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер вечерва во 20:06 часот е регистриран во соседна Албанија.
Според информациите, епицентарот е 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан, на длабочина од 13 километри, објави 4news.mk
Истиот е почувствуван и на територија на Македонија односно во Дебар, Струга и Охрид.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
