Земјоделците ќе добијат веб платформа ‘’E-земјоделство’’

Континуирано работиме на надградба и подобрување на информациските системи во земјоделството преку креирање на нови дигитални мерки, се со една цел, да имаме попродуктивно и одржливо земјоделство. Во таа насока се вклучува и изработката на агрометео веб страната и новата веб платформа ‘’E-земјоделство’’, изготвени со техничка поддршка од Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO), вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Новата веб платформа ‘’E-земјоделство’’ овозможува полесен пристап до постојните дигитални системи како Земјоделскиот Пазарен Информативен систем и тековни агрометеоролошки податоци.

-Платформата воедно вклучува и новитети, како Национална база на просторни податоци преку глобалната
Earth Map платформа, а Северна Македонија е првата земја во светот која, со поддршка на FAO, доби свој под-домен за просторни податоци кои подобро ќе ги информираат националните земјоделски политики, во насока на адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално и национално ниво, потенцира Николовски.
Преку aлатката Earth Map достапна и во сегментот “Карти” на платформата Е-земјоделство, сите институтиции, земјоделци, научната и пошироката јавност имаат пристап до национални и меѓународни агро-еколошки просторни податоци за државата.
-Дополнително, нешто што е многу значајно е дека во рамки на новата платформа “Е-земјоделство” им овозможуваме на земјоделците да водат евиденција на инпути (трошоци) и приходи за сопственото земјоделско стопанство преку алатката “Фарма”, појаснува министерот.
Преку оваа алатка секој производител има можност бесплатно да го подобри управувањето со сопственото земјоделско стопанство. Покрај евиденција, алатката нуди и можност за генерирање на автоматски извештаи за планирање на профитабилноста на различни земјоделски производи, со цел да се зголеми продуктивноста и да се намали употребата на производни материјали кои ја загадуваат животната средина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e