Пари има, општините да формираат комисии за проценка на терен колкава е штетата од невремето врз земјоделските производи за да се започне процедура да се исплатат средствата, порача ресорниот министер Љупчо Николовски.
Со усвојување на ребалансот ќе се продолжи со исплата и на штетите од претходните години кои не се исплатени.
Со преговорите кои ги имавме и со Министерството за финансии, самото Министерство има предвидено дополнителни средства со самиот ребаланс пред да се случат овие штети што овозможува да се запази целата постапка. Апелирам до сите оштини и совети на општините веднаш да ги формираат комисиите согласно законите, рече Николовски.
Но, нема уште долго државата да ги покрива штетите, бидејќи веќе се подготвува нацрт -закон за задолжително земјоделско осигурување од страна на Министерството за земјоделство и Агенцијата за супервизија.
Подготвен е нацрт-закон за задолжително земјоделско осигурување. Интензивно се работеше овие три месеци на финализирање на на законот од страна на работната група, лично бев на терен на дел од сесиите за да го докомплетираме овој закон
Земјоделствто во земјава треба да се адаптира на климатките промени, а тоа не го подразбира само осигурувањето, кое е само една мерка. Се размислува за поддршка на инвестиции за заштитни мрежи во лозарството, вели Николовски.
Следниот состанок во понеделник помеѓу Министерството за земјоделство и Агенција за супервизија по што ќе има финално законско решение кое ќе се најде пред пратениците.
