Под влијание на циклонот Тодор и понатаму временската состојба во земјава ќе биде многу нестабилна.
Денеск времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и тоа особено долги на истокот од државава додека на запад ќе има услови за локален послаб дожд.
Врнежите повторно ќе зачестат околу пладне и попладне кога на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат поинтензивни и во склоп со нестабилноста ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени додека на запад останува посвежо време.