Денешното рочиште за случајот ‘ ТОРТУРА ‘ , започна со задоцнување од 20 минути бидејќи се уште не беше спроведен поранешниот министер за Внатрешни работи Митко Чавков од затвор Скопје до Кривичниот Суд, сите останати странки беа навремено пристигнати во судот. Се продолжи со доказната постапка сослушувањето на сведоците предложени од СЈО. – се наведува во извештајот на Здружение за истражување,анализи и Развој Зелена Лупа Скопје.
Прв сведочеше Митко Чавков.
Овој сведок беше повикан да даде свој исказ бидејќи со оглед на тоа дека тој во 2011 година за време на апсењето на Љубе Бошковски во случајот ‘КАМПАЊА” Чавков бил на функцијата началник на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ.
Пред самото испрашување на овој сведок судот на барање за истиот да се легетимира, Чавков два пати по ред изјавуваше дека е државјанин на Република Македонија,Судијката Ристовска го корегираше дека е државјанин на Република Северна Македонија истиот повторно нагласи кон судот не прифаќајќи го новото име на државата.
Овој сведок изјави дека воопшто не му била позната причината поради која утрово го спроведоа до Кривичниот суд, откако влегол во судница му станало се јасно.
Сите прашања кои му беа доставени од Јавниот Обвинител Љубомир Лапе од СЈО а беа поврзани со лишување од слобода на Љубе Бошковски во 2011 година овој сведок како да имаше амнезија и скоро на сите прашања одговори со ‘НЕ ЗНАМ, НЕ СЕ СЕЌАВАМ’.
Но не само на тие прашања, овој сведок зачудувачки според функцијата која ја извршувал во 2011 година како началник на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ воопшто не се сеќава каква опрема користеле вработените во нивните работни простории.
Единствено на што се сеќаваше дека за овој случај постои документација која што била изработена од лицата кои го воделе самиот случај, притоа нагласувајќи ‘’НИТУ САКАВ ДА СЕ МЕШАМ,НИТУ ДА СУГЕРИРАМ ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ ЈАС БЕВ НАЧАЛНИК НА 400 ВРАБОТЕНИ”.
Амнезијата присутна и за прашањата поврзани за тоа кој ја издал наредбата за апсењето на Љубе Бошковски за самиот чин на апсење ниту пак се сеќава кој воопшто го снимал лишувањето од слобода дали БЈБ или УБК.
Одбраната воопшто не сакаше да го испрашува овој сведок.
Судот пристапи кон испрашување на овој сведок.
Судијката Александра Ристевска му постави прашање за денот на апсењето на Љубе Бошковски, одговорот на Чавков беше дека доколку бил на работа сигурно бил информиран но точно не се сеќава, посебно потенцираше дека во судница од обвинитите единствено ги познава Сашо Мијалков и Ивица Анчевски Пуки.
Вториот сведок беше Киро Николовски.
Овој сведок на 6 јуни 2011 година бил на своето работно место како сменоводител во полициска станица Гази Баба. Во неговиот исказ тој потврди дека лицето Љубе Бошковски и неговиот возач биле лишани од слобода и приведени во полициската станица Гази Баба. Се изготвиле записници за задржување на лица им ги кажал нивните права и започнала постапката, биле повикани нивните бранители се потпишале записниците а потоа Љубе Бошковски повторно бил вратен на терен за да извршат дополнителни претреси, но потенцираше дека само Љубе Бошковски бил вратен а неговиот возач бил задржан во полициската станица. На прашање од јавниот обвинител дали смее лице кое е задржано да биде изнесено од полициска станица без да знае сменоводителот, сведокот одговори: “Законски не смее но јас немам монитор за да ја следам целосната состојба во полициската станица бидејќи влегувам во канцеларии и точно не можам да знам што би можело да се случи”.
Од одбраната единствено обвинетиот Ивица Анчевски Пуки му постави вкрстено прашање на овој сведок, прашањето се однесуваше на записникот кој бил потпишан од страна на Љубе Бошковски и неговиот адвокат и дали во истиот имале забелешка за постапувањето на полициските службеници во полициската станица во Гази Баба. Одговорот беше дека записникот бил потпишан без никаква забелешка.
Вообичаено за обвинетиот Сашо Мијалков кој и овој пат доцнеше и си ја прилагоди паузата според неговите потреби во близина на кафичите во самиот суд, притоа судот бараше телефонски да се повика назад во судница.
По пристигнувањето во судницата тој воопшто не беше опоменат од страна на судот за неговото доцнење.
Единствено како опомена добија обвинетите за користењето на нивните мобилни телефони.
Третиот сведок беше Трипун Танушевски, заменик на народен првобранител.
Овој сведок ја објасни постапката која се покренала од нивна страна по сознание од медиумите за нечовечно приведување на лицето Љубе Бошковски. Веднаш пристапиле кон увид и разговор во затворот Скопје како со лицето Љубе Бошковски така и со затворскиот доктор, по добиените сознанија состојбата му била презентирана на народниот првобранител кој потоа покренал постапка за незаконско полициско постапување при апсење.
По донесена одлука на истражен судија во која се наведува дека нема незаконско полициско постапување нивната надлежност завршува и не била во можност да превземат понатамошни чекори, испратиле допис до сопругата на Љубе Бошковски со која ја известуваат дека за таа постапка е донесена одлука од истражен судија и истата се прекинува.
На прашање од Јавниот обвинител за начинот на лишување од слобода на лицето Љубе Бошковски со кое се бараше од овој сведок да даде мислење бидејќи токму тој работи на таа област сведокот изјави :
“Легнувањето на земја на поранешниот министер за внатрешни работи и вртење на истиот кон јавен тоалет за мене е омаловажување”.
Одбраната немаше воопшто прашања за овој сведок.
Четвртиот сведок беше Драги Целевски вработен во канцеларијата на народниот првобранител како државен советник.
Овој сведок го водел предметот кој бил формиран на 16.06 2011 година кога тој и неговиот колега оствариле средба во затвор Скопје и извршиле увид во целосната медицинска документација која се водела како наводна тортура врз Љубе Бошковски.
На таа средба Бошковски изјавил дека во затворот се постапува коректно без поплаки од вработените единствено се пожалил на постапката на полициските службеници кои го приведувале.
Сведокот изјави дека Бошковски на десната подлактица имал хематом и на рацете имал видливи траги од лисиците, во здравствениот документ истото било нотирано.
Бошковски бил во депресивна состојба говорел со револт за самиот чин на апсењето навел дека се чуствува понижувачки и дека има забелешка кон судот за мерката притвор која му била одредена. Тие дале препорака на затворскиот доктор да му биде зголемена терапијата за смирување и понатаму продолжиле да ја следат целата состојба а за поплаките за постапувањето на полициските службеници отвориле други предмет.
Од нашиот секој дневен мониторинг често пати укажувавме за користењето на мобилните телефони, невуклучување на микрофоните при обраќање се со цел да има подобри услови за работа во самата судница. На ова рочиште многу често двете страни забораваа да ги вклучат микрофоните при нивното давање на приговори, поставување на прашања и од страна на јавноста неколку пати се реагираше кон судот бидејќи во делот на јавноста има стаклен sид и доколку не се вклучат микрофоните јавноста воопшто нема да биде во тек со целото рочиште а со тоа и не би ги пренела потребните информации во јавноста.
Следното рочиште е закажано за 22.05.2019 година во 10:30 часот на кое ке бидат повикани 4 сведоци.
