Пратеникот Мухамед Зеќири денеска јавно се приклучи на караванот МојДДВ и ја поддржа мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ.
МојДДВ веќе ги исполнува двете клучни цели:
-Ги враќа парите назад кај граѓаните
-Придонесува за намалување на сивата економија
Граѓаните се повеќе бараат да им бидат издадени фискални сметки и пријавуваат нерегуларности.
Бројот на пријави за неиздавање на фискални сметки е за 100 % поголем.
-Во јули 2019 пријавени се вкупно 186 даночни обврзници за неиздавање фискални сметки , во јули 2018 регистрирани биле 86 пријави.
Ги повикувам граѓаните кои досега не ја симнале апликацијата МојДДВ да го направат тоа и да добијат поврат на нивните трансакциски сметки. – напиша Зекири на свјот ФБ профил.