Зеќири: Кога биле во право Талат Џафери и Артан Груби, во 2016 година или сега се во право?

Во “Отворено студио” на 24 телевизија, Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ и пратеник, даде толкување на иницијативата за повторно свикување на Собранието и отпорот на опозицијата.

“Ние сме пратеници сè додека не се изберат нови пратеници, иако Собранието е распуштено. Сè уште немаме одговор на нашата иницијатива од Џафери, пратеничките потписи на нашата иницијатива се предадени на собраниските служби и на потег се чека Талат Џафери. Тоа што требаше да го направиме согласно деловникот го направивме, собравме преку 20 пратенички потписи и побаравме да свика итна седница на Собранието согласно член 63 став 4 од Уставот којшто дозволува во воена или во вонредна состојба во која ние се наоѓаме веќе втор месец да се продолжи мандатот на пратениците и да се вратат на работа” – изјави Зеќири.

Во однос на различното толкување на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на одлуката за свикување на Собранието од 2016 година, Зеќири со став:

“Уставот е јасен, секој може да го прочита и да види. Зошто опозицијата не сака да се свика Собранието стварно е нејасно во вакви околности. Во однос на ДУИ, јас само ќе прашам: Кога биле во право Талат Џафери и Артан Груби, во 2016 година или сега се во право? Тогаш кога се враќаа на два пати откако беа распуштени пратениците или сега кога се повикуваат или го толкуваат Уставот на друг начин. Иако тогаш немало вонредна состојба во земјата, тие се враќаа во Собранието, сега имаме вонредна состојба, Уставот ни го овозможува тоа, но тие се против и секако треба да ги објаснат ставовите зошто настапуваат на тој начин. Но, тогаш Собранието се врати, иако беа распишани избори, иако беше распуштено Собранието, сепак тоа се врати, работеа, па ги распишуваа одново изборите. Сите памтиме што се случуваше тогаш” – истакна Зеќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e