Зекири: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во координација откако Џафери го спаси Вељаноски од притвор

Немам никакво сомневање дека има координација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На ДУИ многу подобро им оди муабетот со ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ. Тоа го потврди и Бујар Османи кој рече дека со СДСМ имаат потешкотии, а со ДПМНЕ им била принципиелна коалицијата. Им беше принцпипиелна за договарање на обвинители и судии. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во координација откако Џафери на седницата го спаси Вељаноски да не оди во притвор, изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

-Работава е сериозна, јас алармирам од почеток. Сите гледаат дека проблем во државава е ДУИ. Во 2016 беше поразен дел од тогашниот режим. ДУИ беше нужно зло за нас, за да ја извлечеме државата од таквата ситуација во која бевме, заробена држава. Ние ја извлековме за 2 и пол години, во сите сфери има напредок, вели Зекири.

Тој исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги влече корените од претходното раководство на партијата. Ова особено си приметило на денешниот говор на претседателот Стево Пендаровски каде во неколку наврати ја спомена претходната власт по што следеше бурна реакција од членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Говорот беше државнички и натпартиски, говор кој не поштеди никој. Колегите од ДПМНЕ изреагираа на моментот кога тој се наврати неколку пати и го спомена минатиот режим. Тоа значи дека ВМРО не може да се откачи од тие корени од минатото кое не уназади како држава. За 2 и пол години граѓаните знаат што направивме, знаат кај сме. Факт е дека сме членки на НАТО и сме пред преговори со ЕУ, вели Зекири.

Пратеникот од СДСМ додава дека одлука ќе се донесе во органите на партијата дали повторно ќе имаат коалиција со ДУИ. Зекири вели дека и претседателот на партиајта Зоран Заев, кажал дека работата е сериозна особено по последните случувања со 5 илјади амаднмани за изборниот закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e