Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири синоќа објави на својот Фејсбук профил дека ДУИ не дозволила да се избере директор на Државниот завод за ревизија, кој требаше да се избере вчера. Државниот завод за ревизија веќе две години е без директор.
„ДУИ продолжува да работи против интересите на Албанците. Доказ за тоа беше денешното дејствувањето на нивниот заменик Ејуп Халими во комисијата кој без гласање го напушти состанокот, спречувајќи професионален Албанец како Адам Цури да биде избран за директор на Државниот завод за ревизија“, објави потпретседателот на СДСМ.
Тој јавно му се заблагодари на поддршката дадена на овој предлог на СДСМ од пратеникот на албанската опозициска партија БЕСА, Фадил Зендели, кој пак сподели дека ДУИ не прифатила да се постави „Албанец професионалец на чело на оваа институција, туку Албанец од нивните редови, односно од огранокот во Чаир“.