Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во интервју за порталот Стандард одлуката на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори ја коментира како голем демократски и морален чин што досега ниту еден лидер кај нас не го направил.
Зекири во пресрет на изборите закажани за 12-ти април вели дека граѓаните ќе имаат лесен избор, треба да решат меѓу СДСМ која за неполни три години од заробена држава Република Северна Македонија ја доведе во стадуим да биде една од најпочитуваните земји во светот, и како што вели, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ која не може да излезе од матрицата на криминалецот Груевски.
Што очекувате од Законот за употреба на јазиците? Каква е јавната свест за корисноста/штетата од овој закон во насока на почитување на правата на сите граѓани на државата?
Никому не се наштетува ако стекне право, а притоа не се загрозува нечие друго право. Ако Вие и понатаму си зборувате македонски, каква штета имате од тоа ако некој друг во службена комуникација го употребува својот мајчин јазик? Таков е и примерот со Законот за употреба на јазиците. Без основа се подигаат тензии кога на дневен ред се вакви прашања, а потоа откако ќе се решат самата јавност е сведок дека всушност никој ништо не изгубил! Впрочем, не сме единствен пример во европски или светски рамки каде функционира дво-, а некаде и повеќејазичност.
Целото интервју прочитајте го на СТАНДАРД.
Х.Н.