Заживува туристичката индустрија по пандемијата

На прес-конференцијата портпаролите на Владата информираа за успешното враќање на туристичката индустрија во земјава по турбулентниот период предизвикан од пандемијата со КОВИД-19.

Според последните статистички податоци, како што истакнаа, за седум месеци од годинава остварени  без малку 1.400.000 ноќевања, а со август ќе се надмине бројката од 2,1 милиони.

Ова е доказ дека можеме да обезбедиме до 2,6 милиони ноќевања во 2022 година и повеќе од 400 милиони долари во македонската економија од туристичката индустрија. Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,7%, кај странските зголемувањето е за 109,9%. 

Овие податоци, како што  беше информирано, се резултат од досега преземените мерки и политиката на владата за поддршка на туристичкиот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e