Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” на Телма телевизија генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, а воедно и носител на изборната единица 3, Љупчо Николовски, ги изнесе неговите очекувања за тоа каков изборен резултат очекува на 12 април:
“Коалицијата “Можеме” е апсолутен победник на овие избори! Тоа го покажуваат сите анкети, податоци, а и волјата на граѓаните тоа ќе го покаже на 12 април и ние сме насочени кон реализација на политиките коишто ги ветивме и со кои излеговме навремено пред граѓаните.
Цело лето работевме, 700 средби со граѓаните, над 35 граѓански трибини, ја дадовме нашата понуда ја промовиравме јавно на 24 конгрес нашата програма, нашите 5 клучни столбови во коишто се опфатени мерките: за заокружување на членството во НАТО, за почетокот на преговорите со ЕУ, за грижата за сите категории на граѓани, за економски силна држава, за мерките во делот на екологијата, за редот, правдата и дисциплината. Ние имаме јасна, прецизна понуда како ќе отвориме 100 000 работни места, како ќе обезбедиме раст на сите плати, на пензиите, на социјалната помош, на субвенцитте, како ќе воведуваме мерки коишто се консеквентни и во коишто сме целосно кредибилни затоа што за нас во последните 2,5 години зборот беше збор! Ние сме убедени во победата којашто доаѓа на 12 април и формирањето на владата!” –заклучи Николовски.