Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 49. седница на која на дневен ред се избор на нови министри во Владата, заменици министри, а како трета точка на дневниот ред е предлог-одлуката за распишување оглас за членови на Државната изборна комисија.
Согласно изгласаните измени на Изборниот законик, во рамки на 49. седница пратениците треба да ја изгласаат одлуката за оглас за избор на членови на ДИК.
Членовите на ДИК, според измените, ќе се бираат по стариот модел. Огласот ќе трае осум дена, по што партиите треба да се изјаснат за пријавените кандидати. Претседателот на ДИК треба да биде од редот на опозицијата.