Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук напиша дека фамозниот мерцедес од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР.
„Мерцедесот од „бомбите“ веќе не е во сопственост на МВР, од денеска премина во сопственост на Службата за заеднички и општи работи, по што следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема“ – напиша Спасовски.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски пак соопшти дека е започната постапката за отуѓување на мерцедесот од „бомбите“.
Ова е ветување на премиерот Зоран Заев кој на митинзите во предизборната кампања кажа дека ќе го продадат мерцедесот на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.