Општина Пробиштип ќе добие зграда за 48 семејства од ранлива категорија.
„Отпочнуваме со исклучително значаен проект за изградба на зграда со 48 станови во Пробиштип наменета за ранливи категории на граѓани. Нашата цел е да овозможиме кров над глава, сигурност и подобри услови за живот на оние на кои тоа е најпотребно. Во соработка со АД за станбен и деловен простор оваа година ќе започнеме со изградба на социјални згради и во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар, Велес, Скопје и Неготино. – соопшти на својот ФБ профил Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.