Започна изборниот молк, денеска гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и притворениците

Од 30 октомври заклучно со 19:00 часот на 31 октомври важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.

Со тоа што денеска почнува и гласањето на болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците и притворениците.

Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.

Од ДИК информираат дека во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари.

Во недела нема да се гласа за градоначалник во Маврово- Ростуше и Центар Жупа. Во овие две општини ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e