Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, денеска исплатени 22 милиони евра

Денеска се исплатени 80% од субвенците за тутунот во вредност од 22 милиони евра, наменети за 20.880 тутунари, информираше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при средбата со тутунарите во село Ивањевци, општина Могила заедно со директорите на Платежната агенција и на ДИЗ, Николче Бабовски и Јане Станкоски.

Во следните неколку денови, веднаш по извршените контроли, ќе се исплатат и останатите 20%.

33

„Продолжуваме со политиката на редовни, зголемени и навремени субвеници. Парите ги враќаме на земјоделците тогаш кога им се најпотребни за да инвестираат во новата реколта.“ – рече Николовски.

44

Директорот Бабовски изјави дека овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат и дека исплатата на субвенциите и за остaнатите култури ќе заврши до законскиот рок 30-ти јуни.
– Од реколтата 2017 Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство воведе нов начин на зголемено субвенционирање во три нивоа. Согласно овие промени, зголемени субвенции за тутунот добиваат над 23.400 тутунари. Оваа година се постигна и убедливо највисока просечна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм. – велат од Министерството.

556

Целта на новиот модел на зголемено субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Имено, субвенцијата за прва класа тутун сега изнесува 80 денари, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

32452344_2151252075096320_1374536001694728192_n

Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно. Во насока на создавање поволни услови и поттикнување развој на оваа култура, МЗШВ го најавува и новиот закон за тутун, кој е во финална фаза. Со него се предвидува укинување на поднесувањето евидентни листови, со што значително се олеснуваат адмнистративните процедури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e