Законот за амнестија ќе ги опфати и четирите илјади осудени со правосилна одлука, а кои чекаат ред за да ја издржат казната затвор. Но, според податоците на Министерството за правда, тоа ќе важи само ако овие лице редовно се пријавувале во суд и доколку против нив не се распишани потерници.
„Со законот за амнестија ќе се опфатат и лицата кои чекаат ред за затвор, само доколку против нив не е распишана потерница и доколку ги почитувале сите судски постапки“. – велат од Министерство за правда
Во текот на вчерашниот ден Собранието го донесе Законот кој опфаќа над 670 затвореници, кои целосно се ослободуваат од издржување на казната, а околу 3000 други затвореници придобиваат намалување за 30% на казната. Овој закон не ги опфаќа лицата осудени на доживотен затвор, тие за убиство, педофилија, дела против државата и изборниот процес, како и делата против меѓународното право. Во Македонија, неколкупати беа носени закони за амнестија. Еден од нив е и оној од 2002-та со кој беа ослободени од одговорност сите лица кои беа осудени за кривични дела кои се однесуваа на конфликтот од 2001 година.