Закани по живот на пратеници да не гласаат за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ спрема замка и при тајно гласање

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со кои неколку дена преговараат нивните колеги од СДСМ и ДУИ за да ги сретнат уште еднаш аргументите за поддршка на уставните измени во врска со Договорот со Грција, се жалат пред нив и пред странски амбасадори дека се под закана за животот ако ги поддржат амандманите во Собранието. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, тие што ги добиле заканите на мобилен телефон ги покажувале пораките пред колегите пратеници, но и пред некои од меѓународните претставници и новинари. Во некои од заканувачките пораки на смс, вибер и на воцап се споменувани и деца.

Наводно, поради недоверба во МВР и во Обвинителството дека ќе им пружат соодветна заштита, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ засега не ги пријавуваат заканите, иако и тоа не може со сигурност да се потврди, оти некои од нив тоа го прават по заобиколен пат, најчесто преку претставниците на амбасадите на западните земји.

Поддршка за уставните амандмани се бара со гаранција дека гласањето во Собранието ќе биде тајно, согласно Деловникот. Тоа значи дека гласањето би се изведувало во заграден пулт во пленарната сала во Собранието, каде секој пратеник ќе пристапува поединечно и тајно ќе гласа „за“ или „против“ уставните измени, за додавање во Уставот на одредницата „Северна“ на името Република Македонија.

До вчера, според извори од преговарачките тимови, наводно фалеле уште три гласа за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. Дали денеска таа бројка е сменета не е познато, но се слушна од извори од ВМРО-ДПМНЕ дека на мнозинството во пратеничката група им спрема изненадување на оние пратеници во нивните редови кои се согласиле тајно да гласаат за амандманите.

Според сценариото, непосредно пред тајното изјаснување, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти седницата. Со нив, велат нашите извори, ќе мора да излезат и нивните сопартијци кои се со намера да ги поддржат измените, за да не се откријат кои се.

Повеќе на СДК на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e