Букурешт: Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политика

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој, Николче Бабовски, неговиот заменик Авдул Селам Селами, како и претставници од АФПЗРР, учестуваа на„45- тата конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија“ , која се оддржуваше во Букурешт, Романија.
Македонската делегација предводена од директорот Бабовски, активно учествуваше и оствари повеќе неформални, билатерални средби кои се од клучно значење за Република Северна Македонија на патот кон Европската унија.
28- те земји членки на ЕУ, на 45- тата конференција заклучија дека сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклчучително и Македонија, во наредниот период во фокусот треба да биде заедничката земјоделска политика и меѓусебна помош, решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството и воведување на нови технологии кои ќе бидат применливи .
Дел од претставниците на Европската Унија порачаа дека сите земји членки, вклучувајќи ги и земјите кандидатки треба да се фиокусираат кон производство на поздрава храна, односно поголем број на органски производи како и користење на потенцијалот за обновливи извори на енергија.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, рече дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење за Македонија.
„Aгенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работат на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот. Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значeње за сите нас. Само со освовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии домашниот агро сектор може да се развива, унапредува. Европските фондови како и ИПАРД Прогрмите се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски.
Претседателот на Советот и министер за земјоделство и рурален развој на Романија, Петре Даеа, истакна дека потребна е oj планета и здрава храна за сите.
„Минатата недела, во Сибиу, нашите водачи ја потврдија важноста на унитарниот пристап кон климатските промени. Иако главната цел на земјоделството е да обезбеди безбедност на храна во Европа, земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина. Денес, разговаравме како можеме да ги охрабриме и да ги подготвиме нашите земјоделци да се соочат со овој предизвик “, рече Петре Даеа, министер за земјоделство и рурален развој на Романија и претседател на Советот.
Претставниците на 45- тата Конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија имаат можност да ги изразат своите ставови и да размислуваат за чувствителни прашања, како и за приоритетите и придобивките за земјоделството на ЕУ.

Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување. Конференцијата на директори на платежни агенции во Европската унија е настан кој се одржува два пати годишно во рамките на ротирачкото претседателство на Советот, посветен пред се на директори на платежни агенции на сите земји-членки на ЕУ и земјите кандидати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e