Заев: Земјоделците, сточарите и агробизнисмените најдобро знаат што треба Владата да овозможи за развој на аграрот

По завршување на конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто Љупчо Николовски, заедно со претседателот на одгледувачи на овци од Западниот регион, Меџит Амити одржаа прес-конференција за медиумите на која информираа за текот на седницата и за темите за кои се разговараше.

Премиерот Заев посочи дека земјоделците, сточарите и агробизнисмените најдобро знаат што е она што Владата треба да го преземе за да се овозможи рентабилно производство и затоа низ работата на овој комитет ќе се носат заеднички одлуки во интерес на земјоделците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e