Заев закажа нова лидерска за денеска напладне, во помал состав

Премиерот Зоран Заев во изјава по вечерашната средба кажа дека закажува нова лидерска средба по барањето на Христијан Мицкоски на која ќе присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии.

-Однесувањето на Мицкоски е навредливо и недостоинствено. Ако е за НАТО и ЕУ требаше да седи рамо до рамо до сите партии и да носи одлуки за нашите граѓани. Тој одлучи да избега од средбата и да избега од одговорност. Што е тоа што Мицкоски не е спремен да го каже пред сите лидери, а е спремен да го каже пред четирите лидери. Утре во 12 часот закажувам средба во помал состав на која Мицкоски ќе има можност да каже дали е за НАТО и за Еу и граѓаните да одлучуваат, рече Заев вчеравечер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e