Заев за ВМРО-ДПМНЕ: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда

За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, истакна премиерот Зоран Заев.

„Овие денови сведочиме на загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници“, посочи Заев.

Заев нагласи дека демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e