Заев за “Гаранцијата за млади”: Се намалува процентот на невработени млади, но значајно е да ги чуеме искуствата од спроведувањето на мерката

Гаранцијата за млади – искуствата и придобивките од оваа мерка во Оперативниот план за вработување беа тема на денешниот настан на кој учествуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, активирани млади лица преку мерката, теренски работници коишто ја промовираат мерката, како и други чинители вклучени во процесот.

08042019_mladinska_garancija_5

Учесниците повеќе од еден час ги пренесуваа своите лични искуства од користењето на Гаранцијата за млади којашто за прв пат лани се пилотираше во Скопје, Гостивар и Струмица и се информираа како може да се вклучат во истата.

Премиерот Зоран Заев истакна дека само врз база на мерките од Оперативниот план, вработени се 3.934 граѓани во Северна Македонија и тоа само во пилот фазата во три града. Оваа година имплементацијата на Гаранцијата за млади ќе се реализира на целата територија на земјата со посебен акцент на североисточниот полошкиот и југозападниот регион во кои се спроведуваше пилот фазата. Само во овие три региони се очекува 3.000 млади лица да бидат опфатени со мерката Гаранција за млади. Планираниот опфат на учесници во гаранција за млади на целата територија е околу 9.500 млади лица.

„Младинската невработеност односно нејзиното намалување е приоритет на Владата на Северна Македонија. Минатата година севкупниот процент на невработени го спуштивме под психолошката бројка од 20 % и сега изнесува 19,7 отсто што ни дава импулс во 2019 година за речиси три пати да го зголемиме буџетот за поддршка на Оперативниот план за вработување. За ова добивме дополнителна мотивација и од намалувањето на процентот на невработени меѓу младите. За разлика од на пример 2015 година кога процентот на невработени млади изнесуваше 47,3% со тренд на негативен пораст во 2016 година и изнесуваше 48,2% во 2018 година од негативен тренд, бројот на млади невработени го свртевме во позитива и тој лани е намален и изнесува 45,8%“, истакна премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e