Претседателот на Владата, Заев, денска во Собранието рече дека со новите, претстојни реформски активности во реализација на големите одлуки што стојат пред нас, ја прошируваме партиципацијата со нови репрезенти од партиите на коалицијата што ја формира Владата.
– За две години, ова е втора поголема реконструкција во владините структури. Вклучително со промените што ги предлагаме денеска, досега се направени разрешувања и именувања во 8 министерства. Идниот владин состав ќе има едно министерско место помалку.
Останувам на мојот став дека јас на луѓето во Владата не гледам како на луѓе од СДСМ, од експертската сфера, од граѓанскиот сектор или од било која друга партија. Гледам на нив како на луѓе кои треба да испорачаат резултати.
За мене највисок критериум е колку нивната работа прави позитивна разлика од претходните политики. Дали перформансите на институцијата со која раководат е променета на подобро, во интерес на граѓаните.
Носителите на јавни функции мора да испорачаат резултати со кои се подобрува животот на граѓаните. Во тие рамки ќе се движат размислувањата и одлуките за предлозите за разрешувања и именувања, објасни премиерот Заев во обраќањето околу предложените разрешувања и нови именувања во Владата и рече дека е отворен за одговор на сите прашања од пратениците на собраниската седница.