Заев: И во вонредни услови, капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пост на Фејсбук ги опфати сите досега завршени инвестиции како дел од стратегијата за изградба на инфраструктурата.

Заев потенцира дека се комплетирани речиси 80% од примарната и секундарна гасификација, во тек е изградба на 500 километри водоводна и канализациона мрежа и изградени се 3 пречистителни станции.

Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите – ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија, дури и во вонредни околности.

Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 км водоводи и канализации.

Северна Македонија во 2019 и во 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Со помош на нашите европски партнери, изградивме 3 пречистителни станици на главните еколошки текови во државата. Чистата животна средина носи поздраво население.

Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин, напиша Заев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e