Заев во Србија: Балканот веќе не е буре барут, туку регион од 21 век

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, на трилетарниот состанок во Нови Сад истакна дека мора да се направи повеќе и дека не треба да бидат задоволни од она што е постигнато до сега.

„Целиот регион треба да ја зајакне соработката во рамките на четирите вредности што ги претставува и ЕУ, а тоа се слободата на движење на луѓето, стоките, капиталот и услугите“, рече Заев.

Тој верува дека ова дефинитивно ќе го создаде она што го очекуваат сите, а тоа е регион кој ќе биде конкурентен во светот, привлечен и на своите граѓани и на странските инвестиции, кои ќе можат да изготват планови врз основа на ресурсите што регионот ги нуди.

Премиерот на Северна Македонија очекува дека благодарение на иницијативата, регионот ќе добие и поголема почит од ЕУ, а проценува и дека иницијативата ќе испрати порака дека Балканот не е повеќе „буре барут“, туку регион од 21 век.

Тој најави дека следниот состанок ќе се одржи во Охрид на 10 ноември и ги покани и другите земји од Западен Балкан да се приклучат на иницијативата.

Зоран Заев и Еди Рама вчера пристигнаа во Србија, а синоќа прошетаа со Александар Вучиќ и српскиот премиер Ана Брнабиќ низ улиците на Нови Сад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e