Заев: Во договорот со Бугарија нема дилеми дека се работи за две држави, два народи и два јазика

Со Договор за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија покажавме дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, отворените прашања лесно се решаваат, рече премиерот Зоран Заев денеска во обраќањето на свеченоста по повод 11-годишнината од основањето на Бугарскиот Културен Клуб во нашата земја.

Двете земји, како што додаде, направија историски чекор напред.

– Го поставивме минатото како темел на иднината. Во договорот нема дилеми дека се работи за две држави, два народи и два јазици. Со договорот се определивме заедно да ја спречуваме недобронамерна пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот, истакна Заев.

Пријателството, како што додаде, никогаш не било поголемо и постојано расте и се засилува, создадени се силни инструменти за надминување на недоразбирањата и градење на трајно сојузништво, и во надминувањето на недоразбирањата и во градењето и одржувањето на трајното пријателство значајна улога имаат и организациите на граѓаните во двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e