Во петок, 22 јуни, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов ќе присуствува на локацијата кадешто започнува градбата на експресниот пат Ранковце – Kрива Паланка кадешто е предвидено премиерот Заев, министерот Сугарески и директорот Китанов во 11:00 часот да дадат изјави за медиуми.
Предвидената локација на отпочнување на градежните активности се наоѓа во месноста Десетак, во општина Ранковце на 1 км скршнување лево од општинската зграда во правец на населеното место Герман.