Заев: Среда – 15. јули ќе биде денот на избори

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција соопшти дека како партија го прифатиле предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за спроведување на избори кон средината односно точно на 15. јули.
„15. јули, среда, ќе биде неработен ден за сите граѓани, ден за избори. Бараа кон средината на јули, ете како одговорна партија се согласивме на тоа.“ – рече Заев.
Заев потенцираше дека граѓаните ќе го препознаат овој чекор на државничка одговорност на СДСМ, и дека сега ВМРО- ДПМНЕ е на потег, да излезе пред народот и да го потврдат решението ќе учестуваат на изборите.

Понеделник и вторник ќе гласаат болни, изнемоштени, хронично болни и луѓе во самоизолација, како и затвореници, а времето за гласање ќе биде продолжено за дополнителни 2 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e