Заев и Спасовски на средби со жители на Стајковци: Се определивме за политики на рамномерен регионален развој

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Oливер Спасовски, се на средби со жители во селото Стајковци, кое припаѓа на скопската општина Гази Баба во оваа изборна единица.

На средбите беше нагласено дека СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани и дека тоа носи сигурност во државата.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски, разговараа со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година. Тие и денес зборуваат за пружената помош и солидарност од страна на претседателот Заев, носителот на листа Спасовски, сегашниот градоначалник Борче Ѓеоргиевски, СДСМ и ги нагласуваат вложувањата во општината Гази Баба во последниве две ипол години.

„Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2.5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна и насочени сме кон правичност и правда“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.

Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

„Вложуваме во сите средини подеднакво и во урбаните и во руралните средини, го знаете тоа вие овде во Стајковци. Сакаме децата да имаат квалитетно предучилишно образование и затоа вложуваме во градинки. Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес“, рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани 2 проекта за водовод и канализација и 8 коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за 4 реализирани проекти за градинки, 5 за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект. Определени сме кон сигурност, правичност и правда и можеме заедно уште повеќе и уште подобро, констатирано е на средбите на претседателот Заев и на носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски во Стајковци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре во 17 часот пред Влада – 200 илјади македонски работници живеат со плата под 30.000 денари

Ќе се тестираат камерите на автопатот Кичево – Охрид

Запленети 200 кг марихуана сокриена во возило кај Свети Николе

Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка!

Денеска е Свети Сава – неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Трендафилов: Намалете ги платите на функционерите кој земаат и до 180.000 денари, па помогнете им на работниците

МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

НОВА ПРИЧИНА ЗА СМЕНА НА ТРИПУНОВСКИ Субвенции не се исплаќаат, владее тотална негрижа на државата кон сточарите

Села го оспори „Safe City“ пред Уставен суд: Законот ги крши правата на граѓаните

Поскапуваат дизел горивата

СДСМ алармира за унгарско медиумско влијание

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

Македонските камионџии денес ги блокираат сите гранични премини – Блокада и на Деве Баир

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Алијанса на Таравари против „Безбеден град“

Дебаклот во Давос е слика за урнисана меѓународна позиција на земјава, велат од ДУИ

Протести во повеќе градови: вработените во Македонска пошта без јануарската плата

Пратениците денеска треба да пресечат за „Сејф сити“

e