Пред точно 56 години големиот часовник на Старата железничка станица замрзна во Скопје.
До денешен ден сведочи дека само дваесет секунди беа доволни да запре животот на градот, животот на над илјада скопјани, а кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата.
За неколку дена најголемите имиња на светската архитектура дојдоа во Скопје и ја обединија желбата на милионите обични луѓе кои се молеа и донираа за Скопје, повторно да го врати пулсот на градот.
Денес без разлика на новите рани направени со антиквизацијата, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, но и на оние кои градот го направија сериозно поглавје во модерната архитектура.
Скопје се сеќава!- напиша премиерот Заев на фејсбук.