Заев: Северна Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека Северна Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година. Се наоѓаме на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година.

Глобалниот иновациски индекс ги рангира светски економии преку политичката и бизнис клима, законодавството, човечкиот капитал, инфраструктурата, софистицираноста на пазарот и др.

Во однос на бизнис климата, Северна Македонија е рангирана на 27-мо место, а во однос на онлајн креативноста на 45-то место од вкупно 129 рангирани земји. Ова е уште еден доказ дека економските политики на Владата ги даваат резултатите, а иновативноста е моторот што ја движи економијата напред.

67583434_10157676060077932_2524629248862322688_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e