Започна етапното укинување на квотите за лекови во аптеките. Во првата фаза, укинати се квотите во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија. – информира премиерот Зоран Заев на својот Инстаграм профил.
Со оваа нова мерка, сите граѓани добиваат поголема достапност до лековите кои им требаат, без квоти и страв од недостатоци на лековите. Секој лек на рецепт ќе биде покриен од Фондот. Како и досега, блиските на пациентите ќе можат да ги подигнат лековите.
До октомври, во соработка со Фондот за здравствено осигурување, укинувањето на квотите ќе се спроведе во сите градови на државата. – напиша тој.