Заев: Просечната пензија е зголемена за 700 денари, ќе расте и во иднина

Сите можеме да потврдиме дека сме на вистинскито пат. Немаме надворешни кочници, а најголем дел зависи од нас. – рече премиерот Заев во вчерашното гостување на МРТВ.

Премиерот потенцираше дека се бележи 4,1% раст на БДП за првиот квартал. Невработеноста од 22, 6% падна на 17, 8%, а платите растат.

Нема среќа во едно општество ако има сиромаштија. Мора да бидеме солидарни и социјално одговорни. – рече Заев.

Денешната вест за пораст на пензиите е одлична. Досега пензиите пораснаа за 700 денари, но сметам дека и тоа не е доволно затоа и во иднина ќе растат.

Мора да бидеме дополнително мотивирани, должни сме на идните генерации, затоа мора да бидеме продуктивни. – заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e