Заев во вечерашното интервју на Сител Тв порача дека датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе се случи во октомври годинава.
„Октомври е октомври“ – децидно порача Заев појаснувајќи дека заклучно со почетокот на јули ќе го заокружат процесот на кадровски промени кој, вклучително со партијата, ќе опфати промена на околу 200 функционери.
Заев рече дека Владата работи на тоа Извештајот да биде беспрекорен и да не остават отворени прашања кои би биле аргументи или контрааргументи некоја од земјите членки да го блокира датумот за почеток на преговорите.