Со должно внимание да го одбележиме денешниот Меѓународен ден на мирот, кој Обединетите нации оваа година го посветија на борбата против климатските промени.
Мирот го загрозуваат природните катастрофи како резултат на климатските промени и предизвикуваат милиони луѓе да ги напуштат своите домови во потрага по мир и сигурност.
Денес, секој од нас треба да знае дека може да биде дел од решението. Затоа, да најдеме начин да заштедиме енергија, да користиме јавен превоз или, уште подобро, да печашиме или да возиме велосипеди…
Бидете дел од акциите за почист воздух и споделете ги вашите идеи за придонес за мирот и сигурноста. – напиша премиерот Зоран Заев на својот Фб профил.