Заев по лидерската средба: Сите сме за успех на референдумот

Заврши лидерската средба која се одржа во Клубот на пратеници. На неа до крај останаа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП.

Заев го осуди демонстративното напуштање на Мицкоски, кој ја напушти средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Тој, како што кажа, го повика премиерот најдоцна до понеделник да организира средба во потесна форма како што претходно се одржувала, со присуство на лидерите на четирите најголеми партии, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија на Албанци.

„Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија“ – потенцираше вечерва премиерот.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцираше Заев.

Заев потенцираше дека глвни стратешки цели се членството во НАТо и ЕУ и има опција избори за да успеат тие цели. Тој потенцираше дека по пат на дијалог ќе успеат да го договарат и прашањето за изборот на Државната изборна комисија. Тој нагласи дека законот треба да се спроведе и да не се дозволи преспективите за влез во НАТО и ЕУ да се блокираат.

Во врска со референдумот, Заев изјави дека очекува секој политички субјет да ја обезбеди успешноста на референдумот и дека граѓаните се конечни во своте одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e