Заев: Опозицијата НЕ помогна во најкрупните одлуки за државата

Договорот со Грција е совршен пример, модел како може да се разграничат идентитетски прашања и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати. Сите ја чувствуваме рефлексијата. Веќе никој не го оспорува индетитетот на Македонцитте и останатите заедници во државата. Имаме држава признаена од сите, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Куманово – „Фер општество-шанса за сите”.

Земјава, според Заев, е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни, сложени проблеми. Создаде модел со кој се зајакнуваат добрососедските односи. Но, опозицијата не помогна во најкрупните одлуки за државата.

– Оваа дипломатија е заради граѓаните, за дома, за идните генерации, да има живот во нашата земја, а Кумановци знаат колку е важно да бидеме интегрирани во НАТО, да бидеме трајно стабилни и безбедни. Куманово знае и од историјата и од поново време колку е важен мирот. Дел сме од најголемиот безбедносен сојуз на светот, ќе бидеме треиесета земја членка на НАТО, истакна премиерот. 

Тој изрази надеж дека до крајот на годинава или во почетокот на наредната државата ќе го добие полноправното членство во НАТО, додавајќи дека земјата е пример во светот, како низ дијалог се гради пријателство и се обезбедуваат перспективи за сегашните и идните генерации.

-Северна Македонија нема отворени прашања со соседите. Пристигнуваат и првите економски резултати шест месеци по потпишувањето на Договорот. Срушени се рекордите на странските инвестиции. Минатата  2018 година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции што е четири пати поголема сума во споредба со 2017-та. Расте и бруто домашниот производ. Очекуваме во првиот квартал од 2019-та да го пробиеме психолошкиот плафон од четири проценти, да имаме раст, потенцира Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e