Изминаа 18 години откако на денешен ден во 2001 година политичарите по долгите исцрпувачки преговори постигнаа договор и ставија крај на конфликт кој ѝ се закануваше на земјата.
Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат тука, во иста земја, под исто сонце.
Договорот гарантираше дека насилството не смее и никогаш веќе нема да биде механизам за остварување какви било политички цели и интереси.
Денес во нашата земја се гарантира целосно почитување на принципот на недискриминација, како и рамноправен и правичен третман на сите лица пред законот.
Јас сум горд што покажавме дека овој договор е функционален и дека со заеднички ангажман на сите граѓани од сите заедници ја внесуваме Северна Македонија во НАТО, градиме консензус и ги спроведуваме реформите кои земјата ја носат кон Европската Унија – истакна Премиерот Зоран Заев на церемонијата по повод 18 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор која се оддржа во клубот на пратеници.