Силно ќе го поддржам Џемзи и јас лично и централната власт, да се реализира неговата визија за нови вредности и нов квалитет на живот за сите во Врапчиште, бидејки како што знаете, а знае и Џемзи – локалната власт со години наназад овде не ги слуша вашите потреби, ниту работи за нив, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ние решаваме децениски проблеми, опозицијата на централно ниво ги создава!
Ние спојуваме, тие делат. Ние промовираме „Едно општество за сите”, тие предизвикуваат етнички тензии. Тоа заврши! Нема назад! Продолжуваме Напред!
Нашите проекти се реални, а нивната најава за „нова иднина“ е враќање во режимското минато во кое што тие крадат, а други одговараат. Никој тоа повеќе не го сака. СДСМ ја носи државата Напред на секој план, а ВМРО ДПМНЕ носи Назад!
Немаа храброст да решат ниту едно тешко национално прашање.
На 17 октомври заокружуваме 12 за Џемзи и советниците предводени од Војче!“, потенцираше Заев.