Заев од Кратово: Градиме држава и градиме општини кои се развиваат, го слушаме гласот на граѓаните

Само оној кој сработил добро и секој ден работи сѐ подобро, може со право и со чист образ да го најави Најдоброто, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на Кратово.

„Од сонцето и од ветерот правиме струја. Влегуваат милионски инвестиции во нашата држава за употреба на алтернативните извори на енергија, со ќе има и повеќе пари во буџетот и нови работни места и чиста животна средина и здрвје. Ќе се постават вкупно 69 нови ветерни турбини. Тоа е за четири пати повеќе од оние 16 турбини поставени долж границата со Република Грција.
Овде во овој регион, во Североисточна Македонија, ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Покрај вакви капитални инвестиции во енергетиката продолжуват и вложувањата во локалните проекти,во општините.
За да продолжи развојот на 17 октомври го бираме #Најдоброто за Кратово, а тое е Влатко Бојковски идниот градоначалник на општина Кратово“, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e