Зборот важи! Воведуваме уште една мерка за враќање пари директно кон граѓаните. За прв пат, државата враќа дел од данокот директно на сметките на граѓаните.
Секој денар вратен кај граѓаните вреди. Колку повеќе побарани и издадени фискални сметки, толку повеќе поврат на ДДВ на сметка.
Од 1 јули преземи акција – земи фискална сметка, скенирај ја преку апликацијата МојДДВ на твојот мобилен телефон и врати 15% од данокот на својата сметка. – напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.