Пред граѓаните на Кумановона денешната трибина, премиерот Заев посочи дека Република Северна Македонија е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни сложени проблеми. Земјата, како што рече премиерот создаде модел како се зајакнуваат добрососедските односи.
„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018-та година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017-та година“, рече меѓу другото премиерот Заев.
Пред граѓаните на Куманово премиерот Заев додаде дека од почетокот на работењето пред околу 21 месец, Владата е посветена на отворање на перспективите за Република Северна Македонија и за нејзините граѓани.
„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500-тини евра“, додаде премиерот Заев.
„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“.