Заев: Нема потреба за техничка влада

Министрите на Зоран Заев во МВР и труд и социјална политика, како и замениците во земјоделство, финансии и информатичко општество можеда здивнат. Премиерот вели дека нема потреба пред избори да си давата оставки како што беше пржинскиот модел за изборите во 2016-та.

Условот за измени во законот за Влада кој што опозицијата го стави на маса за нивната поддршка на ДИК за Заев е неприфатлив и не може да се поврзуива со референдумот, бидејќи вели ова се работи за избори. Вториот пак законот за финансирање на партиите, вели веќе е во процедура.

„Тогаш опозицијата отстапи и прекина со објавување на политичките бомби и вети дека ќе ги достави сите разговори до СЈО.“ – вели Зоран Заев претседател на СДСМ.

Заев вели дека ДИК не треба да се поврзува со референдумот, иако вчера токму минситерката за правда порача дека блокада на ДИК ќе се одрази на оргазнизирањето на на референдумот, бидејќи можно е ДИК да нема време да го организира.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак децидни – без пржинска влада нема ДИК. Повторуваат дека тоа било договорено со СДСМ кога се договарало нивното враќање во Собранието и кога ВМРО-ДПМНЕ ги гласаше 2/3 закони. Од партијата на Мицкоски велат дека велат сега бега од договореното. Лидерот на опозицијата тврди дека амнестијата која ја заговараат за 27 април не е услов за ДИК.

„Не бараме ништо повеќе освен она што го имаше СДСМ за време на парламентарните извори во 2016. Прифаќаме да нема технички премиер, туку да остане истиот, зошто му е мерак.“ – вели Христијан Мицксоки, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на ТВ 24 нов состанок на работната група за ДИК се очекува во понеделник- власта и опозицијата се закопани на своите позиции – доколку тие не успеаат да ги испеглаат арзликите тогаш Заев најавува лидерска средба и за ДИК и за референдумот.

Не се исклучува според партиски извори од двете страни, власта да бара поддршка за цензусот од опзицијата, а за возврат да даде пржинска влада, додека пак опозицијата учество на референдумот да го услови со законот за амнестија.

Техничката пржинска валда беше дел од договорот кој што пред две години се постигна во Пржино – освен формирање техничка влада, и премиерот 100 дена пред избори си поднесе оставка. Обврската за премиерска оставка остана како законска одредба пред секои избори, додека пак формирањето на техничка влада не влезе во изборниот законик и важеше само за изборите во 2016-тата.

Извор: ТВ24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e