Вчера лидерот на Македонската опозиција, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи упати остри критики, осврнувајќи се на работата на владата по повод нејзиното двегодишно работење.
Негова главна поента во соопштението беше дека Заев, лаже – суши. За разлика од него, Премиерот по повод истата годишнина има поинакви гледишта на работите кои се постигнати во Република Северна Македонија:
-Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влегов да си го глеам раатот, кажа премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата.
-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев.