Заев не погреши, истакна дека Пендаровски ќе победи со 100.000 разлика – еве ги бројките

Новиот Претседател го победи својот противкандидат со речиси над 58.000 гласови разлика.

Македонија го доби својот петти Претседател, а тоа е консезуалниот кандидат Стево Пендаровски.

Новиот Претседател во вториот круг, во споредба со првиот, на своето конто имаше над 110.000 гласови кои му беа доволни да го победи својот противкандидат кој исто така имаше позитива од речиси 60.000 гласови.

Зоран Заев ноќта после првиот круг, истакна дека Пендаровски ќе победи со 100.000 гласови, веројатно верувајќи дека има уште „сигурни“ 100.000 гласови, што се покажа како точно. Изненадување за премиерот веројатно е поддршката која ја доби ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така бележат подобар резултат во однос на првиот круг.

Во вториот круг беше забележана и поголема излезност со што се оствари и потребниот цензус за изборот на новиот Претседател. Во споредба со првиот круг (753.520 гласови) во вториот круг своето избирачко право го оствариле 844.365 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e