Заев: Не планирам избори следната година

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не планира избори следната година.

-Како мандатор и како премиер не планирам во 2018 година да има избори. Тоа е година во која што треба да одработиме, граѓаните да го почувствуваат тоа, рече премиерот Зоран Заев.

На прашањето како планира да се справи со ситуацијата, по изборот на јавен обвинител што „покажа дека Владата има тенко и нестабилно мнозинство во парламентот“, премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп изјави дека тоа е добро за демократијата во земјава.

-Тоа е добро за Македонија, не ни требаат нови диктатори во државава. Тенкото мнозинство беше потврдено и при формирањето на Владата. Тоа мнозинство и сега се држи на некои 61 до 65 пратеници во зависност од нивната определба, на точката на дневен ред, но на крајот на денот тоа е добро за демократијата. Јас сум растеретен човек. Додека има мнозинствоима и Влада, ако нема мнозинство се прегрупираат политичарите во обиди да создадат ново мнозинство, ако не се оформи – избори не ни бегаат, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e